Членови на Форумот за човекови права на Македонците со потекло од Егејска Македонија денеска дадоа поддршка за МАЕИ и Васил Стерјовски во Корча
Делегација на Форумот за човекови права на Македонците со потекло од Егејска Македонија од Скопје денеска престојуваше во Корча за да изрази поддршка за Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и нејзиниот претседател Васил Стерјовски, во пресрет на денешното судското рочиште по тужбата поднесена од Фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија против МАЕИ и Стерјовски.
Членовите на Форумот порачаа дека борбата на Македонците во Албанија за зачувување на нивниот национален идентитет и заштита на човековите права е заедничка кауза на сите Македонци, без разлика каде живеат.

Претседателот на Форумот, Ташко Јовановски, нагласи дека Македонците ширум светот внимателно ги следат случувањата во Албанија и остануваат цврсто на страната на своите сонародници.
„Дојдовме во Корча за да покажеме дека Македонците не се сами. Даваме целосна поддршка на нивната праведна борба за зачувување на сопствениот национален идентитет и за почитување на човековите и малци