Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен

Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни енергетски решенија.

Во текот на саемот, инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ беа присутни на штандот на WHES и им беа на располагање на потенцијалните инвеститори од Македонија за технички информации и консултации околу современите BESS (Battery Energy Storage System) решенија.

Меѓу новитетите беше и новата генерација батериски системи PC-G3, развиена за сигурно и флексибилно складирање и управување со електрична енергија. Системот поддржува работа со електроенергетската мрежа, целосно независно или во комбиниран режим и е наменет за комерцијални и индустриски корисници.

Како ексклузивен застапник на WHES за Македонија, ФЕРО ИНВЕСТ нуди комплетна услуга „клуч на рака“ – анализа и димензионирање на системот, проектирање, испорака, монтажа, интеграција, пуштање во работа, како и оптимизација и секојдневно управување, со цел инвеститорите да го добијат максималниот економски ефект од својата инвестиција.

Од компанијата велат дека искуството покажува оти успехот на еден батериски проект зависи и од квалитетот на технологијата, но и од правилното инженерско решение и стручната реализација.

„Кога инвестирате во батериски систем, не купувате само батерија, туку избирате партнер кој ќе биде одговорен за нејзиното проектирање, интеграција, управување и сигурна работа во следните 15 години.

Батерискиот систем е сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, да се интегрира со електраната и електроенергетската мрежа, да се усогласи со сите технички и законски барања, а потоа и секојдневно да се управува со неговото работење. Затоа изборот на компанијата што ќе го реализира проектот е исто толку важен како и изборот на самиот батериски систем“, потенцираат од ФЕРО ИНВЕСТ.

Компанијата досега учествуваше во реализација на проекти со вкупен капацитет од над 250 MWh, додека дополнителни околу 70 MWh се во фаза на изведба. Воедно, ФЕРО ИНВЕСТ го реализираше и првиот лиценциран батериски систем во Македонија, кој веќе е во редовна комерцијална експлоатација.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top