Македонија

Во лето на високи температури треба да се внесуваат електролити за да не дехидрираме?

Хидратацијата не е само внес на течности

Не е доволно да пиеме многу вода за да бидеме хидратирани. Хидратацијата не е само внес на течности , туку таа вклучува и внесување електролити, бидејчи со потењето телото ги губи и сите минерали и витамини. Електролитите се минерали кои носат електрични полнежи во телото и помагаат во регулирањето на основните функции како што се рамнотежата на течностите, мускулната контракција и pH вредноста. Внесувањето на електролитите е клучно за одржување на енергијата, физичките перформанси и целокупната хидратација, а недостатокот на електролити е главна причина за појава на симптоми и компликациите, нарушена срцева и мозоча функција.

Главните електролити во нашите тела се: натриум, калиум, калциум, магнезиум, хлорид и фосфор. И многу е подобро да се одбере еден препарат и со него да се внесат сите електролити, отколку да се купуваат одделни витамини и минерали. Нутриционистите препорачуваат ИСО МАКС уникатна формула со која освен електролити се обезбедуваат и витамини, минерали, антиоксиданси, состојки за поголема енергија и заштита на мускулите, за одржување на крвотокот и работата на срцето, состојки кои обезбедуваат енергија и заштита на мозокот. Како да препознаеме дека ни недостасуваат електролити?

1. Чувствуваме замор Сите понекогаш се чувствуваме исцрпено поради недостаток на сон, стрес или прескокнување оброци. Но, ако тоа го немаме и сè уште се чувствуваме исцрпено, електролитниот дисбаланс може да биде виновникот. Недостатокот на електролити може да ја наруши функцијата на клетките и органите, што може да доведе до невромускулни и когнитивни тешкотии, вклучувајќи конфузија и хроничен замор. Ниското ниво на натриум, магнезиум или калиум често се поврзува со овие симптоми.

2. Мускулни грчеви Нутриционистите објаснуваат дека ниските нивоа на натриум, калиум, калциум и магнезиум се најчестите причини за грчеви бидејќи овие минерали ги регулираат мускулните контракции. А потењето и губењето на електролити, особено за време на вежбање или во топло време, се главните предизвикувачи.

3. Главоболки и вртоглавица Дали знаевте дека дехидратацијата буквално може да го намали нашиот мозок? Кога телото губи течности и електролити – вклучително и течност во мозокот – може да предизвика мало намалување на волуменот на мозокот, што може да предизвика главоболки. Ако чувствувате вртоглавица додека седите или по вежбање, можеби имате ниско ниво на натриум. Падот на нивото на натриум може привремено да го намали протокот на крв во мозокот, предизвикувајќи чувство на вртоглавица.

4. Мускулна слабост Ако сте земале неколку дена пауза од вежбање, но сепак се чувствувате слабо, недостатокот на калиум може да биде причина. Калиумот игра клучна улога во преносот на електрични импулси во мускулните клетки. Без него, мускулите не можат правилно да функционираат. Покрај калиумот, важен е и фосфорот, кој е одговорен за производство на енергија, а неговиот недостаток може да предизвика и чувство на мускулна слабост. Без доволно електролити, постои поголем ризик од прегревање и топлотен удар.

Како природно да ги надополните електролитите? Според Сашко Дрвошански, реномиран нутриционист, одговорен на тимот за развој на производи во Натура Терапи, со редовното земање на ИСО МАКС се обезбедува оптимален внес и обнова/балансирање на електролитите во телото кои се клучни за регулација на балансот на течности во сите клетки, спречување на појавата дехидрираност, отоци и заштита на бубрезите. Се заштитува мозокот, се одржува крвниот притисок, се обезбедуваат протеини, минерали, електролити и природни состојки кои обезбедува потребна заштита и енергија за мускулите, односно се спречува појава на грчеви во мускулите. Се подобрува енергијата и издржливоста на целото тело, и се спречува умор, изнемоштеност и колабс. Во својот состав ИЗО МАКС комбинира електролити во оптимален оооднос, натриум, хлор, калциум, со акцент на магнезиумот и калиумот, клучни за регулација на балансот на течности во сите клетки, спречување на појавата на грчеви во телото и одржување на функцијата на крвните садови и притисокот. Има витамини и природни состојки кои обезбедува потребна енергија за мускулите и органите, потоа заштита и одржување на добрата функција на мозокот и нервите, заедно со антиоксидантски микс, за заштита на клетките од оксидативен и топлотен стрес.

Најнови вести од: Македонија

Пратениците на СДСМ си заминаа од работа, откако законот за минимална плата не беше ставен на дневен ред

Не помина предлогот на пратениците на СДСМ да се гласа за дополнување на дневниот ред со нивното законско решение со кое се прифаќаат барањата на ССМ, по што тие решија да ја напуштат работата на денешната 84. седница. До соопштување на ваквата одлука на опозициската партија претходеше дебата меѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и претседателот на Собранието, Африм Гаши, а беше дадена и едночасовна пауза.

Владина делегација на средби во УНЕСКО – Ќе има ли договор за заштита на Охридскиот Регион?!

Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.

Ревизијата откри куп пропусти во ДСЗИ – Какви играчки и козметика се продаваат во продавниците?!

Дали и кој може да гарантира дека на рафтовите во продавниците има безбедна козметика и играчки за децата. Во Македонија има листа на забранети супстанци но таа е од 2010 и досега не е ревидирана. Тоа остава простор за соменвање дека штетни и опасни материи по здравјето можеби ги има во дел од овие производи, констатирал Државниот завод за ревизија кој и утврдил дека во државата нема ниту соодветна лабораторија за роверка на забранети супстанци.

To top