Хроника

Со ловечка пушка усмртил куче: Приведен 72-годишен маж

Уапсен 72-годишен радовишанец

Седумдесет и двегодишен жител на Радовиш беше уапсен откако полицијата утврди дека со ловечка пушка усмртил куче кое било домашен миленик.

Инцидентот се случил на улицата „Благој Мучето“ во четвртокот, каде жителите слушнале истрел, а потоа на улицата било пронајдено мртвото куче.

Во разговор со полицијата осомничениот го признал делото, по што од него била одземена ловечката пушка „Застава М75“, која легално ја поседувал.

При увидот било утврдено дека кучето е сопственост на жител на Радовиш. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава.

Најнови вести од: Хроника

Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“! – А што бидна со речиси 10 милиони евра?!

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

To top