Хроника

Мало дете пронајдено живо во мртовечница пет и пол часа откако беше прогласено за мртво

18-месечно дете, погрешно било прогласено за мртво од страна на лекар откако паднало во базен додека родителите пушеле марихуана

 

Осумнаесетмесечно дете Винсент Лоренцо Фиордилино од американската држава Аризона беше прогласено за мртво во одделот за итни случаи по паѓање во базен, но неколку часа подоцна беше утврдено дека сè уште дише во мртовечницата на болницата, објави NBC News.

Она што се случило во тој речиси шестчасовен период и околностите што доведоа 18-месечниот  речиси да се удави во базенот на семејната куќа, сега се предмет на истрага од страна на Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Марикопа.

„ Детето на крајот преживеа и беше отпуштено од болницата“,  се вели во соопштението од Полициската управа на округот Гилберт.

Сепак, администрацијата му препорача на окружниот обвинител родителите да бидат обвинети за злоупотреба на деца.

Портпаролот на окружниот обвинител одби да коментира за случајот.

Во меѓувреме, Медицинскиот центар „Мерси Гилберт“ потврди дека спровел сопствена внатрешна истрага за она што го нарече „вознемирувачка ситуација“.

Сепак, болницата не ги објави резултатите од истрагата и одби да одговори на прашањата зошто докторот, идентификуван како А.Туси, погрешно го прогласил детето за мртво,  е сè уште во персоналот.

 

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top