Македонија

Левичари од „Тему“ се тие од партијата на Апасиев, вели Манасиевски

Иако со консензус од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, денес тој договор го поништуваат

 

Левица го блокира усвојувањето на новиот Изборен законик, иако претходно бил постигнат консензус за барањата што ги поставила оваа партија, објави денеска Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

„Левичарите од Тему на чело со Димитар Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни. Иако со консензус од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, левичарите од Тему денес тој договор го поништуваат. Пред граѓаните велат дека проблемот е во тоа што изборниот модел треба да биде со една изборна единица, нешто што и ние го поддржуваме, а зад завесата впрочем ги интересираат само пари –  рече Манасиевски.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на политичката партија Левица за новиот Изборен законик.

Според него, ваквите плитки ПР политики кои ги тераат Левица и Димитар Апасиев се прочитани од граѓаните, а тоа може директно и да се види и по анкетите.

„Поддршката за лажните левичари од Тему граѓаните не ја даваат“,  рече Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите

Високата предност на партијата во последната анкета ја гледам како потврда за политиките и работата на Владата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека неговиот фокус останува на реализација на проекти, реформи и исполнување на очекувањата на граѓаните

To top