Полицијата презема мерки за расчистување на случај на семејно насилство, откако 28-годишна жена од село во гостиварско пријавила дека била физички нападната од сопругот, заедно со нивниот малолетен син.
Од СВР Тетово информираат дека на 6 јули, во 21:00 часот, во ОВР Гостивар, 28-годишната жена пријавила дека околу 18:45 часот, во нивниот дом, нејзиниот сопруг Ф.А. физички и со тврд предмет ги нападнал неа и нивниот 10-годишен син.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.