Македонија

Судењето против ВМРО (об) од 8-21.1936 во Софија, поради искажувањето македонска свест, дека Македонците се посебен народ, а не Бугари

На денешен ден, на 8 јули 1936 година во Софија започнал првиот судски процес во Бугарија, поради искажување македонска национална свест: судењето против раководителите и членовите на ВМРО (обединета) се одвивало од 8 до 21 јули 1936 година. Тие биле обвинети врз основа на Законот за заштита на државата дека се залагале за насилна промена на власта, но и поради нивниот цврст став дека Македонците не се дел од бугарскиот народ, туку одделна нација. Во текот на судењето обвинетите се изјаснувале како Македонци и ВМРО (обединета) ја претставиле како македонска национална и ослободителна организација. Забраната и судските процеси против организации што пројавуваат македонска национална свест не е новина во бугарското општество. Тоа го покажуваат историските документи и сведоштва.Ова се нагласува во статијата „Првиот судски процес против пројавувањето македонска национална свест“ на весникот „Нова Македонија“.

Христо Калајџиев: „Македонската нација е опасен, страшно непријатен призрак, што им ја нарушува душевната рамнотежа, на оние кои крекаат хистерично, одрекувајќи ѝ го постоењето!“

Натаму, во споменатата статија, објавена на 14 јули 2023 година, покрај другото, се истакнува: ВМРО (обединета) ја прифатила идејата за автономија, независност и обединување на Македонија во рамките на балканска федерација и тие определби ги внела во своите документи. Таа започнала и со отворено афирмирање на македонските национални особености. Суштинските принципи на ВМРО (обединета) ги објаснува и Христо Калајџиев, еден од обвинетите во судскиот процес, во статијата објавена во „Македонска мисла“, списание на Македонскиот научен институт.

„Македонската нација е факт… Има луѓе, што упорно ритаат и ја одрекуваат. Тоа се великобугари, великосрби, великогрци и оние Македонци, воспитани од нив, кои беа привлечени од нивната идеологија и станаа поголеми папи од папата, поголеми Турци и од Турците… За нив македонската нација е еден опасен, страшно непријатен призрак, кој што им ја нарушува душевната рамнотежа. Тоа се истите оние кога во Бугарија се проговори за неопходноста од македонското сознание… кои при изградбата на македонското дело, закрекаа хистерично и продолжително дека тоа е најголемата ерес… Тоа се истите оние, кои што го развеаја знамето за самостојна Македонија, а во решителниот момент ја предадоа во шепите на великобугаризмот.“ – ќе посочи  Христо Калајџиев во споменатата статија.

Првпат во официјален извештај на бугарска полиција влегува формулација „Македонците не се Бугари туку одделна и самостојна нација, според идеологијата на ВМРО (обединета)“

Во својот извештај од 1936 година бугарската полиција тврди дека цели на ВМРО (обединета) се промени во системот на државата и одделување делови од територијата на Царството Бугарија, односно одделување на Пиринска Македонија кон нова независна држава во централниот дел на Балканот. Во официјалниот полициски извештај е посочено дека според идеологијата на ВМРО (обединета), Македонците не се Бугари туку се одделна и самостојна нација.  Вкупно биле обвинети 19 лица, а на четворица им се судело во отсуство, односно на Димитар Влахов, Методија Шаторов-Шарло, Васил Ивановски и Владимир Поп Томов. Од оние 15, што биле во судницата, само еден бил роден во Бугарија, девет се изјасниле како Македонци, а пет како Бугари. Меѓу обвинетите биле и Асен Чаракчиев, Христо Калајџиев, Александар Мартулков, Мара Димитрова Петрова, Јордан Анастасов и др. 

Судењето официјално започнало на 8 јули 1936 година и се одвивало во Судската палата во Софија. Обвинетите ангажирале неколку адвокати. Сите обвинети се изјаснувале како невини, дека го бранеле македонскиот народноослободителен карактер на ВМРО (обединета). Во текот на судењето, обвинетиот Асен Чаракчиев ја претставил идеологијата на ВМРО (обединета) и јавно го искажал ставот за неопходноста за одвојување на Пиринска Македонија од Бугарија и постоењето македонска нација. Врз основа на истрагата и доказите, бугарскиот суд ја окарактеризирал ВМРО (обединета) како организација, која има цел преку насилни методи да го промени државното уредување и да му наштети на територијалниот интегритет на Бугарија. На 21 јули Димитар Влахов и Владимир Поп Томов биле осудени во отсуство на 12 и пол години затвор, а другите на пет години затвор и парична казна од 50 илјади лева.

Која е ВМРО (обединета)?

 ВМРО (обединета) е македонска револуционерна организација што се стремела да прерасне во масовно народно движење за извојување слободна и независна Македонија во рамките на нејзините географски и економски граници и нејзино конституирање во самостојна политичка единица, што ќе влезе како рамноправен член на идната балканска федерација. Нејзини најистакнати дејци биле: Панко Брашнаров, Димитар Влахов, Симеон Кавракиров, Владимир Поп Томов, Андреја Чипов, Методија Шаторов-Шарло и др. При основањето бил избран Централен комитет со седиште во Виена. Нејзин орган бил весникот „Македонско дело“. За трите дела на Македонија биле создадени одделни комитети на чело со секретар. Подоцна седиштето на ЦК на ВМРО (обединета) било пренесено во Берлин.

Настанала голема провала во Велес, Куманово, Скопје и во Штип (1928-1929): биле уапсени 113 нејзини членови, меѓу кои и членот на ЦК, Панко Брашнаров. По испраќањето на робија на дел од осудените, во наредната година престанала дејноста на Организацијата во вардарскиот дел на Македонија. Во пиринскиот дел, нејзината активност постепено замира по провалата во 1935 година и судскиот процес од 1936 година, пишува весникот „Нова Македонија“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

Народна банка со мерки за заштита на имотот на „Алта Банка“ и интересите на штедачите

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

До Брвеница и по неа

А СДСМ? Во првиот круг во Брвеница нивниот канидат заврши како четврти, по што објавија победа! Падна Александар Вучиќ во Србија, тие повторно прогласија победа. Претходно и во Унгарија исто така беа победници. Сега чекаме да видиме дали ќе прогласат победа и на изборите во САД? Секаде победуваат. Иако, во Македонија никако не сакаат да има избори

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

To top