Македонија

Започнува судењето за серискиот убиец од Куманово

Т.Б. се товари за убиство и два обиди за убиство

Во Основниот суд во Куманово на 9 јули започнува судскиот процес за предметот К бр.368/26, по поднесено обвинение на Основното јавно обвинителство Куманово против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане.

Обвинетиот се товари за четири кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Предметот во судска постапка ќе го застапува Љубомир Лапе, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово.

Според објавените информации, жртвите биле повозрасни жени, а убиствата се случиле во текот на минатата и оваа година. Вештачењата покажале дека убиствата биле извршени со цел задоволување на полови страсти кон мртвите тела.

Најнови вести од: Македонија

Судењето против ВМРО (об) од 8-21.1936 во Софија, поради искажувањето македонска свест, дека Македонците се посебен народ, а не Бугари

На денешен ден, на 8 јули 1936 година во Софија започнал првиот судски процес во Бугарија, поради искажување македонска национална свест: судењето против раководителите и членовите на ВМРО (обединета) се одвивало од 8 до 21 јули 1936 година. Тие биле обвинети врз основа на Законот за заштита на државата дека се залагале за насилна промена на власта, но и поради нивниот цврст став дека Македонците не се дел од бугарскиот народ, туку одделна нација. Во текот на судењето обвинетите се изјаснувале како Македонци и ВМРО (обединета) ја претставиле како македонска национална и ослободителна организација. Забраната и судските процеси против организации што пројавуваат македонска национална свест не е новина во бугарското општество. Тоа го покажуваат историските документи и сведоштва.Ова се нагласува во статијата „Првиот судски процес против пројавувањето македонска национална свест“ на весникот „Нова Македонија“.

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ прво се договараат за Изборниот закон, а потоа го блокираат, иако бил договорен!

„СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, а ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати сѐ што ќе побараат, само дијаспората да гласа по електронски пат, или по пошта.“ – нагласи портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

To top