Бизнис

ММФ потврди дека бакарот најмногу поскапува во кризи

Кризата како онаа во Блискиот Исток предизвикала најмногу да поскапат бакарот, за 29,5 проценти, како и алуминиумот, за 29,8 проценти.

Production of copper wire, cable in reels at factory. Cable factory. Close up.

Воените судири на Блискиот Исток доведоа до драстично поскапување на два метала на светско ниво – бакарот и алуминиумот. Ова го покажува анализа на Меѓународниот монетарен фонд, според која прекините во снабдувањето ги зголемиле цените на овие основни метали на пазарите, кои пак и онака се под притисок поради силната побарувачка и ограничената понуда. Засега е неизвесно дали Македонија ќе ја искористи шансата да профитира, со оглед на големите наоѓалишта на бакар во земјава. Додека единствениот рудник за бакар, „Бучим-Боров дол“ ги исцрпува капацитетите, ресурсите кои ги поседува регионот на Иловица и Штука остануваат неискористени.

Инвестицијата продолжува да биде во застој, иако според проценките од геолошките истражувања компанијата би можела да произведува околу 16 илјади тони бакар на годишно ниво. Постојат и други локации на кои сега се истражува присуството на бакар, а една од нив е во близина на Крива Паланка, каде се испитува и антимонот. Претходно, нереализирани останаа неколку инвестиции во рудник за бакар, како што е Казандол и во моментов државата нема големи количини кои може да ги понуди на светските пазари, иако еден тон бакар на Лондонската берза искачи вредност од над 13 илјади американски долари. Од локалната иницијатива „И здравје и работа“, која го поддржува проектот во Иловица, истакнаа дека се залагаат за економски развој, преку почитување на високи еко-стандарди и ги повикаа институциите доследно да ги почитуваат судските одлуки, да ги спроведат законските процедури и да носат одлуки врз основа на законите, фактите и стручните анализи.

  • Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола. Но, ако ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш државата има иста таква обврска да постапува согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи – наведоа неодамна од иницијативата.

Додека кај нас проектите за ископ на бакар се соочуваат со низа пречки да го видат светлото на крајот на тунелот, ММФ оценува дека прекините во синџирот на снабдување извршиле сериозен притисок врз цените на основните метали. Кризата како онаа во Блискиот Исток предизвикала најмногу да поскапат бакарот, за 29,5 проценти, како и алуминиумот, за 29,8 проценти.

  • Прекините во снабдувањето доведоа до зголемување на цената на основните метали… Цените на Фјучерс-пазарите за основни метали сугерираат понатамошно зголемување на цените во 2026 година, што укажува на отпорна побарувачка во услови на сè уште кревка понуда – се наведува во анализата „Глобалната економија во сенка на војната“.

Покрај овие два критични минерала, од ММФ нагласуваат дека големи предизвици има и со ретките земни елементи, па ги повикуваат владите да промовираат комплементарни структурни реформи што би ги поедноставиле дозволите за рударство и би поттикнале инвестиции во металургијата.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top