Бизнис

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Во Извештајот се истакнува дека Народната банка останува посветена на водењето на монетарната политика во рамките на одржување на ценовната стабилност, истовремено зајакнувајќи ги макропрудентните инструменти и надзорната рамка. Преземени се активности за подобро управување со ликвидноста, унапредување на монетарниот инструментариум и следење на климатските ризици. Со цел усогласување со регулативата на ЕУ, се препорачува земјата да ја зајакне финансиската независност на Народната банка.

Во услови на забрзан раст на станбените кредити и кредитите кон градежништвото, како и на цените на недвижностите, Народната банка ги заостри макропрудентните мерки за кредитирањето, вклучително и за кредитите обезбедени со недвижност, направи промени во задолжителната резерва и ја зголеми стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот. Овие активности се насочени кон ограничување на ризиците и зачувување на отпорноста на банкарскиот сектор.

Европската комисија го потврди и напредокот во усогласувањето со европската регулаторна рамка. Законот за решавање банки, усогласен со европската рамка за решавање и зајакнување на кредитните институции, стапи во сила во јуни 2026 година, што во Извештајот е оценето како значаен чекор напред. Во јули беше усвоена и нова методологија за управување со ризикот од каматните стапки во портфолиото на банкарски активности.

Напредок е постигнат и во областа на плаќањата. Земјата е оперативно подготвена за учество во СЕПА-шемите од октомври 2025 година, а во јули 2026 година Народната банка го потпиша договорот со Европскиот совет за плаќања за пристапување кон шемата за инстант кредитни трансфери (SEPA Instant Credit Transfer).

Оценките на Европската комисија ја потврдуваат отпорноста на домашниот банкарски сектор и континуираниот напредок во јакнењето на финансиската стабилност. Народната банка и во иднина ќе продолжи да придонесува за одржување на ценовната и финансиската стабилност и за усогласување со европската регулатива.

Најнови вести од: Бизнис

Две финансиски друштва цел месец дена не смеат да издаваат кредити, изречени и глоби

Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

Се проширува пристапот до парите на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат

И физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во АЛТА банка АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги.

Вештачката интелигенција отвора можности за раст на продуктивноста во регионот, рече Вицегувернерката Митреска

Приоритет за регионот треба да биде поддршката за малите и средните претпријатија, развојот на дигиталните вештини и инвестициите во инфраструктурата, со цел придобивките од вештачката интелигенција да се преточат во повисока продуктивност и побрзо економско приближување кон ЕУ.

Фирмите можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки 

Доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа, соопшти Народната банка

To top