Хроника

Бомба фрлена кон угостителски објект во тетовското село Добарце – двајца повредени

На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од с.Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото.

-Од експлозијата е предизвикана материјална штета, а со повреди се здобиле Е.А.(57) од с.Чифлик, тетовско и Г.Ф.(60) од с.Добарце, кои биле во кругот на ресторанот. Повредените веднаш биле префрлени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово, при што биле пронајдени чаури од пиштол, информира МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Тетово. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Шест возачи уапсени, 262 казнети: акција на МВР низ Скопје и контроли на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли

Во текот на изминатата вечер и ноќ, од 21 кон 22 август, полицијата во Скопје казнила 262 возачи во рамки на засилена сообраќајна контрола, со посебен акцент на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Акцијата била спроведена од 18 часот до 1 часот по полноќ од Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје.

ДЗР: Студентскиот дом „Пелагонија“ го плаќал лебот по 126 денари за килограм! – Малверзации и кај душеците за студентите!

Државниот завод за ревизија утврдил повеќе, како што наведува, малверзации и недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом ,,Пелагонија” во Кисела Вода, при што најмногу во очи паѓа сознанието дека домот набавувал леб по цена од 126 денари за килограм!

To top