Македонија

Бериша го обвини Рама и ѝ се извини и на Македонија за задржувањето функционери од ВРЕДИ на Ќафасан

Опозицискиот лидер го нападна премиерот за вулгарен обид да се впери прстот врз соседите за протестите во Албанија

Лидерот на албанската Демократска партија, Сали Бериша, во соопштение за медиумите остро го осуди задржувањето на функционери од коалицијата ВРЕДИ од Македонија на граничниот премин Ќафасан.

Бериша ги обвини премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи Бесфорт Љамалари дека го притвориле како да е терорист и непријател на албанската нација.

„Во невиден антиалбански чин уште од диктатурата на Енвер Хоџа и во многу сериозен дипломатски и политички скандал, вчера, по наредба на Еди Рама, на тројца функционери од коалицијата на албански партии во Северна Македонија, ВЛЕН, не им беше дозволено да влезат на територијата на Албанија, што е флагрантно кршење на меѓудржавните договори со Северна Македонија и меѓународните конвенции.

Така, вчера, на 8 јули, координаторот на пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, пратеникот Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар во Владата на Северна Македонија, Хасим Муртезани, беа блокирани од страна на албанската полиција за дрога на граничниот премин Ќафасан. Сите тројца со дипломатски пасоши. Со нив се однесуваа и беа притворени како да се терористи, непријатели на албанската нација, а не чесни пратеници, претставници на Албанците во Северна Македонија, соседната земја.

Извинувајќи се во име на Албанците на сите Албанци од Северна Македонија и на граѓаните на оваа земја, на коалицијата ВЛЕН и на сите нејзини прретставници, ДП најостро го осудува овој грд чин на Еди Рама и на неговиот антиалбански марионетски министер за внатрешни работи.

Овој чин е сериозен удар врз добрососедството со соседната земја и претставува вулгарен обид да се обвинат соседите и другите за најмоќниот граѓански младински протест во земјата во последните 35 години.

Со овој чин, наркодиктаторот на Тирана се однесува во регионот на идентичен начин како Лукашенко од Белорусија и поранешниот диктатор на Венецуела, сега во лисици, Мадуро.

Грдо дело.

Му гарантирам на Еди Рама дека неговата казна е без спас, без враќање.

Нека ги затвори границите од сите четири страни, но Албанците дефинитивно му го отсекоа патот“, порача Бериша.

Најнови вести од: Македонија

Весник „Илинден” : Македонците во Албанија соочени со предизвици: борба за јазикот, идентитетот и иднината

Mакедонската заедница во Албанија и понатаму се соочува со низа предизвици поврзани со зачувувањето на јазикот, културниот идентитет и опстанокот на традиционалните населени места.

(Видео): Финансиски стоиме подобро од кога било, иако одредени политички сили шират негативна енергија, вели премиерот

Се надевам дека војната во Заливот ќе заврши и ќе можеме да планираме појасно во периодот што следи, но и да продолжи, ние имаме план и доволно резерви како да одговориме на овој предизвик, рече премиерот од Битола.

Анализа: Колку пари „фрлаат“ Македонците на одмори во Грција?!

Летувањето во Грција и оваа сезона останува најчестиот избор за македонските семејства, особено за оние кои патуваат со автомобил и бараат сместување во Халкидики, Пиерија, Тасос или околината на Солун. Она што е главното прашање е колку пари оставаат македонските туристи во оваа земја. Ако се земе како пример семејство од двајца возрасни и две […]

To top