Македонија

Зошто Еврокомесарката Кос не оствари средби со лидерите на опозицијата?

Искусните дипломати гледаат јасен сигнал од Европската Унија

Искусни дипломати оценуваат дека посетата на еврокомесарката за проширување Марта Кос на Северна Македонија била невообичаена од дипломатски аспект, бидејќи не вклучила средби со ниту еден лидер на парламентарната опозиција.

Во најавата за посетата беа предвидени средби со премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, претставници на Владата, граѓанското општество и организации на младите. Сепак, Кос не остварила одвоени средби со претседателот на СДСМ Венко Филипче и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Според дипломатски извори, со овој потег Брисел јасно ја искажал својата позиција во однос на улогата на опозицијата во процесот на измените на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда за евроинтеграцијата.

Претходните еврокомесари за проширување, како Јоханес Хан и Оливер Вархеј, вообичаено имале одвоени средби и со власта и со опозицијата, со цел да ја покажат политичката неутралност на Европската Унија и да ги сослушаат сите релевантни парламентарни актери.

Посетата на Кос се одржа во момент кога Владата инсистира на отворање разговори за измените на Изборниот законик, а опозицијата бара поширок политички консензус. Иако еврокомесарката повика на широк меѓупартиски дијалог, отсуството на средби со опозициските лидери отвори простор за различни политички толкувања.

Во Брисел традиционално сметаат дека изборното законодавство треба да биде резултат на широк политички договор. Дали посетата на Марта Кос е јасен дипломатски сигнал во таа насока, останува предмет на анализи во политичките и дипломатските кругови во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

To top