Македонија

Левица: СДСМ се против една изборна едница, очајнички обидувајќи се да се спаси од распаѓање!

„За СДСМ, сепак, сегашниот изборен модел е прашање на политичко преживување. СДСМ упорно одбива да одговори на прашањето: дали сте за една изборна единица или не? Сè друго е очајнички обид да се спаси сопственото распаѓање!“ – нагласува Левица во своето соопштение.

Натаму Левица наведува: Пасокизираната СДСМ повторно потврди дека политичката безначајност не е само прашање на изборен резултат, туку и на политички рефлекс. Наместо одговорна и достоинствена реакција и став за една изборна единица – СДСМ излезе со соопштение составено од политичка фрустрација и очајнички обид вниманието да се пренасочи од темата што очигледно најмалку им одговара.

Во текот на целата расправа за Изборниот законик, СДСМ не изгради ниедна препознатлива политичка позиција за суштинските прашања. Наместо да објаснат дали се за една изборна единица, дали секој глас треба да вреди еднакво и дали Македонија конечно треба да добие поправеден изборен систем, тие упорно се обидуваат дебатата да ја сведат на теории за заговор.

Особено симптоматично е што партијата, која со години тврдеше дека се залага за една изборна единица, денес одбива дури и да седне на маса за да разговара за таква реформа. Ако и понатаму се за една изборна единица, тогаш што ги спречува да учествуваат во разговорите? Ако повеќе не се, нека имаат доблест да им го кажат тоа на своето членство, изнесува Левица во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителите бараат Уставниот суд да се изјасни за намалените плати, тврдат дека е „загрозена самостојноста на Јавното обвинителство“

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители реагираат, поради тоа  што Уставниот суд сè уште не одлучил по иницијативите за намалените плати. Според нив, „ваквата состојба создава нееднаков третман меѓу обвинителите и судиите и ја загрозува самостојноста на Обвинителството“.

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата донесува нова енергија и уште поголема одговорност, зашто најважниот дел од работата допрва започнува!

„Како нови министри предлагам луѓе, кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден oд народот и му припаѓа на народот.“ – порача премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска во Собранието на Република Македонија, образложувајќи го пред пратениците предлогот за именување нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата на Република Македонија.

Манасиевски: Дијаспората жртва на СДСМ, Левица и ДУИ

Со месеци се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, споменатите избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски интереси пред интересите на десетици илјади македонски иселеници

Најнови вести

To top