Свет

Русија се соочува со сериозен недостиг на горива

Долги редици пред бензинските пумпи

Иако е една од најголемите светски производителки на сурова нафта, Русија се соочува со сериозен недостиг од бензин и дизел. Причина за тоа е оштетувањето на рафинериите по серијата украински напади со беспилотни летала, поради што домашното производство на горива веќе не ги задоволува потребите на пазарот.

Според индустриски извори на кои се повикува Ројтерс, руските рафинерии моментално произведуваат доволно бензин за околу 65 проценти од сезонската побарувачка. Дневниот недостиг се проценува на 40.000 до 45.000 тони, што е значително повеќе отколку во јуни.

Проблемите се појавија откако беа погодени неколку клучни рафинерии, меѓу нив НОРСИ, Саратов и Омск. Особено значајно е привременото запирање на работата на омската рафинерија – најголемата во Русија.

Последиците веќе се чувствуваат на терен. Во повеќе руски региони се формираат долги редици пред бензинските пумпи, дел од станиците привремено остануваат без гориво, а локалните власти воведуваат ограничувања за количината што може да ја купи еден возач.

За да го стабилизира домашниот пазар, Москва воведе привремена забрана за извоз на дизел до крајот на јули, а истовремено почна да ги користи државните резерви и да го зголемува увозот од Белорусија и Индија.

Заменик-премиерот Александар Новак призна дека состојбата предизвикува загриженост кај населението и оцени дека пазарот останува сложен. Владата очекува снабдувањето постепено да се подобри во текот на втората половина на јули.

Кризата веќе влијае и врз навиките на граѓаните – дел од возачите почнале да купуваат електрични автомобили и хибриди за да ги избегнат редиците и неизвесноста.

Најнови вести од: Свет

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top