Свет

Украинската ПВО не собори ниедна од руските балистички ракети ноќеска, откри Зеленски

Ниту еден од шесте истрелани „искандери“ од Русија, како и две ракети Кх и седум дронови, не биле пресретнати од Украина

Украинската противвоздушна одбрана (ПВО) не успеа да собори ниту една од балистичките ракети истрелани од Русија ноќеска, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски, цитиран од Укринформ.

Зеленски напиша на Телеграм дека во нападот биле вклучени „над 120 беспилотни летала и 12 ракети, од кои половина биле балистички“.

„Нашите бранители успеаја да соборат поголем дел од целите, но не и балистичките ракети“, истакна тој.

Украинскиот претседател пријави 11 повредени, вклучувајќи и едно дете, во главниот град Киев.

Претходните бројки беа за 10 жртви.

За време на ноќните напади на руската армија, украинската ПВО не успеа да собори ниту една од шесте балистички ракети „Искандер-М/С-400“.

Рруските вооружени сили користеле шест балистички ракети, четири водени ракети воздух-воздух Kh-59/69, две антирадарски ракети Kh-31 и 121 дронови за напад.

Украинските вооружени сили објавија дека регистрирале удари врз цели од шест балистички ракети, две ракети Kh-59/69 и седум дронови на 11 локации. Судбината на двете ракети Kh-31 се разјаснува.

Зеленски постојано ги повикува западните сојузници на Украина итно да ѝ обезбедат опрема за воздушна одбрана поради неодамнешните масовни руски напади. Задутре, Киев и неговите сојузници ќе разговараат за борбата против руските балистички ракети, кои создаваат сериозни проблеми за противвоздушната одбрана на Украина.

Според податоците на украинското Министерство за одбрана објавени завчера, средствата за воздушна одбрана собориле 89% од беспилотните летала и ракетите што се користеле во руските напади минатиот месец, објави Укринформ.

Деведесет проценти од беспилотните летала и крстосувачките ракети беа уништени, но само 40 отсто од балистичките ракети, покажува статистиката.

Руските напади во текот на изминатите 24 часа одзедоа животи и на други места во Украина, покрај Киев, вклучувајќи две лица убиени во североисточниот регион Харков и јужниот пристанишен град Одеса.

Бројот на луѓе убиени во руското гранатирање вчера врз градот Краматорск во регионот Донецк, на исток, во меѓувреме се зголеми на осум, објавија денеска локалните власти, цитирани и од Укринформ.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top