Регион

Корчула ја очекува долга ноќ по големиот пожар што ја зафати попладнево (ВИДЕО)

Два „канадера“ и еден „ер трактор“ се вклучени во зауздувањето на огнената стихија, а проблем е засилувањето на ветерот

Голем пожар избувна попладневo на подрачјето помеѓу Смоквица и Блато, на островот Корчула, а поради непристапниот терен, во гаснењето беа вклучени и канадери, помагајќи им на пожарникарите од воздух во локализирањето на пожарот.

„Сите противпожарни сили од островот Корчула се распоредени, а од копното активиравме пожарникари од Пељешац, од Оребиќ, Куна, Трпањ и Путниковиќи, како и единици од Метковиќ, Дубровник, Дубровнички брег, Жупа Дубровничка и Конавле“, изјави командантот на противпожарната бригада на Дубровничко-неретванската жупанија, Стјепан Симовиќ.

„Пред нас е долга ноќ“, изјави Симовиќ.

Граѓаните кои моментално се на Корчула известуваат дека голем број волонтери се на терен и предупредуваат дека ситуацијата воопшто не е безопасна.

Проблем е засилувањето на ветерот, што претставува ризик од понатамошно ширење на пожарот.

Хрватското Министерство за одбрана објави дека два противпожарни авиони „Канадер ЦЛ-415“ се испратени на местото на пожарот во близина на Блато на островот Корчула.

Авион „Ер Трактор“ АТ-802, кој претходно бил ангажиран во извидување на пожари, исто така бил пренасочен за гаснење на пожарот.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

To top