Македонија

Имери Стафаи за амбасадорот Мејдани: Од првиот ден сака да го врати ДУИ на власт

Барање да се расчистат шпекулациите за наводен напад врз кучето на амбасадорот Мејдани и за наводен упад во неговиот стан

Пратеничката од Гостивар во собранието Саранда Имери Стафаи обвинува дека албанскиот амбасадор во Македонија Денион Мејдани повеќе се грижи како ДУИ да се врати на власт отколку како да ја врши дипломатската функција.

,,Од првиот ден, постапките на амбасадорот Мејдани оставија впечаток дека неговата посветеност е повеќе во функција на враќање на ДУИ на власт отколку на зачувување на улогата што му припаѓа на дипломат.

Без разлика колку механизми се користат и колку сценарија се градат, едно е јасно: Времето за стара политика е завршено”, пишува Имери Стафаи

Пратеничката на ВЛЕН бара ако некој има обвинувања, нека ги објави јавно со факти, датуми, докази и пред надлежните институции, но според неа нема такви докази затоа што ништо не се случило.

Имери Стафаи меѓу редови открива дека постојат шпекулации за наводен напад врз кучето на амбасадорот Мејдани и за наводен упад во неговиот стан.

,,Кој го отру кучето?
Кој упадна во станот?

Одете на плоштадот и покажете го тоа.

Но не, вие избравте да се забавувате со организаторите на протестите во Јеле (Албанија).

Не успеавте!

П.С.
И уште нешто.
Не ми е гајле кој ме напаѓа. Мојот имунитет е силен” пишува пратеничката откако амбасадорот на Фејсбук напишал:
,,О, Саранда, о, Делвине, кој може да ти го наруши мирот…”.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Ја зајакнуваме контролата врз јавните пари

За прв пат во Македонија ќе се одржи национален испит за добивање сертификат за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор За прв пат во Македонија ќе се одржи национален испит за добивање сертификат за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор

Напаѓаат сè што е добро за државата, знаат само за „развој“ на марихуана

Од она што го гледавме во време на нивното владеење тие знаат само за развој на марихуана Македонија, за разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ развива индустрии како онаа со дата центрите, кои се иднината на Македонија

Нов голем успех за македонскиот филм „17“ – награда и во Херцег Нови

По големиот успех на Сараевскиот филмски фестивал и низа други престижни меѓународни фестивали, македонскиот долгометражен филм „17“, во режија на Косара Митиќ, ја освои Златната мимоза за режија на 39. Филмски фестивал во Херцег Нови

To top