Хроника

Романец евакуиран кај пештерата Врело во кањонот Матка

Романскиот државјанин се јавил во полиција дека се изгубил, а таа го нашла по координатите што ги испратил со мобилен телефон

Македонската полиција синоќа евакуира државјанин на Романија, кој се изгубил во близина на пештерата Врело во кањонот Матка кај Скопје.

Романецот со иницијали Б.А. и на возраст од 58 години минатата вечер околу 21:20 часот пријавил дека се изгубил и со мобилниот телефон испратил координати од локација во близина на пештерата.

По преземени мерки од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје тој бил пронајден во шумата кај пештерата Врело во добра здравствена состојба, информира Министерството за внатрешни работи.

 

Најнови вести од: Хроника

Пијан гостиварец „успеал“ вчера да биде уапсен двапати – првин поради ѓурултија на „Галичката свадба“, а потоа и во Гостивар!

Гостиварец вчера двапати бил уапсен пијан. Првпат претпладнето во Галичник, поради агресивно однесување на манифестацијата Галичка свадба, а потоа синоќа во Гостивар, поради нарушување на јавниот ред и ред, во пијана состојба.

Кривични пријави против А.З.(55) и И.М.(32) од Охрид – на 8.7.2026 му продале на С.П. (44) паковка со кокаин, која ја проголтал, пресретнат од полиција, па починал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(55) и И.М.(32), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека А.З. сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а заедно со И.М. сториле кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. На двајцата, одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

To top