Македонија

Рама: Албанија нема да издава пасоши на Албанци од Македонија по влезот во ЕУ

Албанија не остава можност за „пасошка политика“ кон етничките Албанци во соседството, за разлика од бугарскиот модел.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека Албанија по пристапувањето во Европската Унија нема да го следи примерот на Бугарија и нема да издава албански пасоши на етничките Албанци кои живеат во Македонија.

„Ние не сме земја која може да прави што сака и како сака кога станува збор за прашања кои се однесуваат на внатрешната хармонија на европското семејство“, изјави Рама.

Тој посочи дека Бугарите го сториле тоа дури откако станале членка на ЕУ, „бидејќи нивниот пасош стана многу моќен“.

Изјавата на албанскиот премиер доаѓа во време кога Албанија бележи брз напредок кон отворање на преговорите и пристапувањето во ЕУ, додека Македонија останува блокирана поради отворените прашања со Бугарија, особено околу правата и статусот на бугарското малцинство.

Рама со оваа позиција јасно ја дистанцира Албанија од можноста за „пасошка политика“ кон етничките Албанци во соседството, за разлика од бугарскиот модел.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top