Македонија

Обвинителите бараат Уставниот суд да се изјасни за намалените плати, тврдат дека е „загрозена самостојноста на Јавното обвинителство“

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители реагираат, поради тоа  што Уставниот суд сè уште не одлучил по иницијативите за намалените плати. Според нив, „ваквата состојба создава нееднаков третман меѓу обвинителите и судиите и ја загрозува самостојноста на Обвинителството“.

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразуваат „сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители“, соопштуваат од ЈОРСМ.

Според реакцијата, „со ваквото непостапување веќе е создаден сериозен диспаритет во статусот меѓу јавните обвинители и судиите, со што директно е засегната уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство како државен орган“. „Финансиската независност претставува една од основните институционални гаранции за независно и непристрасно вршење на јавнообвинителската функција и не може да биде предмет на произволни и повторливи интервенции без објективни, јасни и уставно оправдани причини.“ -, наведуваат оттаму.

Тие Дополнуваат дека Уставот ја утврдува посебната положба на Јавното обвинителство како самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и други казниви дела определени со закон. „Таквата уставна поставеност не претставува формална определба, туку суштинска гаранција дека јавните обвинители својата функција ќе ја извршуваат слободно, професионално и без влијание од која било гранка на власта“, дополнуваат од ЈОРСМ.

Затоа, како што наведуваат, „законски решенија со кои се нарушува финансиската положба на јавните обвинители мора да бидат предмет на строга уставно-судска контрола, имајќи предвид дека тие можат директно да влијаат врз институционалната независност на обвинителството и врз довербата на јавноста во неговото работење“.

„Дополнително, прашањето за рамноправен третман на самостојноста на јавното обвинителство со незвисноста на судството е веќе надминато во сите модерни европски држави, за што понудивме и соодветни компаративни примери на слични одлуки и од земјите од нашето поблиско опкружување – Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора. Овој пристап е целосно усогласен со современите европски и меѓународни стандарди“, стои во реакцијата.

Поради тоа, Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители очекуваат „Уставниот суд, како чувар на уставноста и законитоста, да обезбеди ефикасна и навремена уставно-судска заштита на начелото на поделба на власта, владеењето на правото и уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство“. „Финансиската независност не е привилегија на носителите на јавнообвинителската функција. Напротив, секое законско решение со кое без објективни и уставно оправдани причини се обезвреднуваат примањата на јавните обвинители, неизбежно влијае врз положбата на Јавното обвинителство како самостоен државен орган и создава ризик од нарушување на принципот на поделба на власта“, се вели во соопштението.

Од тие причини, „бараат Уставниот суд да ја отстрани секоја опасност да се дозволи директна контрола на извршната власт врз Oбвинителството во конкретниот случај со манифестирање низ намалувањето на коефициентите во Законот за платите на јавните обвинители и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители“, бидејќи, како што посочуваат, „понатаму неминовно ќе се проектира и во сите останати сегменти на јавнообвинителското работење и ќе предизвика целосно нарушување на позицијата на Јавното обвинителство во системот“.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top