Македонија

Хајредини не гледа причина да му се извини на Костовски

Костовски јавно реагираше на изјавата на Хајредини, кој, коментирајќи ја реченица на Костовски „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, изјави: „Како што ти им крадеше од животот на штедачите на твојата банка“

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини одговори на реакцијата на бизнисменот Трифун Костовски, кој побара јавно извинување поради неговата изјава поврзана со случајот „Еуростандард банка“.

„Г. Трифун, јас не гледам причина за извинување“, напиша Хајредини на социјалните мрежи.

Костовски јавно реагираше на изјавата на Хајредини, кој, коментирајќи ја реченица на Костовски „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, изјави: „Како што ти им крадеше од животот на штедачите на твојата банка“.

Во реакцијата, Костовски наведе дека сака да верува оти изјавата е погрешно пренесена или извадена од контекст, но доколку е автентична, побара Хајредини јавно да ја повлече и да му се извини:

„Во порталот „Скопје1“ е објавена Ваша изјава во која, осврнувајќи се на моите зборови „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, велите:
„Како што ти им крадеше од животот на штедачите на твојата банка.“
Искрено сакам да верувам дека оваа изјава не е Ваша или дека е пренесена надвор од контекст.
Ве познавам долги години и досега никогаш не сум се сомневал во Вашата способност рационално и објективно да ја согледувате македонската реалност.
Токму поради тоа, доколку изјавата е автентична, изразувам длабоко жалење и разочарување. Од Вас најмалку очекував да изнесувате тешки и навредливи квалификации за случај чии факти, документи и околности очигледно не Ви се целосно познати.
Јас никому не сум му „украл од животот“, ниту сум имал намера или интерес да им наштетам на штедачите и клиентите на Еуростандард банка, вели Костовски во реакцијата.

Најнови вести од: Македонија

To top