Бизнис

Од септември ќе се применува просечната потрошувачка владина кошница

Утре ќе заседава Економско социјалниот совет – теми се усвојувањето на предлог годишна програма на ЕСС, предлог закон за високо образование, и предлог закон за озбесбедување на квалитет во високото образование и наука.

Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена и ќе се најде на маса пред Економско-социјалниот совет. Се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Ова го изјави заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, по работниот состанок во Стопанската комора. Од Владата велат дека останува уште да се усогласат финеси и од септември да почне со примена. Рекоа дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната.

  • Од она што го видов како дневен ред, нема таква точка, меѓутоа не е исклучено. Секогаш Економско-социјалниот совет е отворен. Ако некој предложи таква точка, тогаш се гласа, се прифаќа и се дискутира за точката. Транспарентноста на Владата е на највисоко ниво. На секој Економско-социјален совет учествуваат најмалку четири министри, заменик-министри и секогаш е присутен премиерот, што не било случај претходно, изјави денеска Ристески.

Со анализата се опфатени околу 600 до 700 основни прехранбени производи кои се дел од потрошувачката кошничка, а анализата ќе ги следи цените низ целиот синџир, од производителот до крајниот трговец.

Претходно, стопанствениците одржаа работен состанок за Оперативниот план за вработување за 2026. Бизнис-секторот ја поздравува државната поддршка за отворање нови работни места, но предупредува дека компаниите се соочуваат со проблем – недостиг на соодветен кадар.

И додека бизнисот бара работници, во моментов има 100 илјади невработени. До петок ќе трае пријавувањето за мерката „Поддршка за креирање нови работни места“ од оперативниот план за вработување. Мерката ќе опфати 1.385 активни баратели на работа, а предвидува поддршка од 5,4 милиони евра.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top