Македонија

Николоски: Владата ќе го решава свлечиштето на патот кон скопски „Теферич“

Министерството за транспорт го презема проектот за санација на свлечиштето на патот кон Тефериџ во Општина Кисела Вода, а тендерот за избор на изведувач се очекува да биде објавен следната недела, најави вицеремиерот

Преку Министерството за транспорт Владата ќе го преземе проектот за санација на свлечиштето на патот кон Теферич во Општина Кисела Вода, кое подолг период претставува сериозен проблем за жителите и учесниците во сообраќајот.

Испука патот кон скопски „Теферич“

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека станува збор за комплексно свлечиште, чие решавање ги надминува можностите на локалната самоуправа.

Тој посочи дека по координацијата меѓу Владата, Општина Кисела Вода и Градот Скопје, на последната владина седница било одлучено Министерството за транспорт целосно да го преземе проектот.

„Веќе имаме изработен проект за стабилизација и санација и очекувам уште следната недела да биде распишан тендерот за избор на изведувач. По изборот на изведувачот, што очекуваме да биде за околу еден до еден и пол месец, ќе започнат градежните работи, а целта е санацијата да заврши пред почетокот на зимата“, соопти Николоски.

Од Министерството очекуваат со реализацијата на проектот трајно да се реши проблемот со свлечиштето и да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот на оваа делница.

Најнови вести од: Македонија

Јаневска: Синот на пратеникот Милошоски не добил стипендија од МОН!

Министерството за образование и наука не доделило државна стипендија на синот на пратеникот Антонио Милошоски, изјави денес министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите на социјалните мрежи дека синот на пратеникот добил државна стипендија од МОН за студирање во странство, на универзитет во Мадрид.

Во велешката касарна на АРМ одбележана 65-тата годишнина од смртта на Алексо Демниевски- Бауман – Без една нога со 15 Македонски корпус на Сремскиот фронт!

Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ каде што е сместена Командата за обука и доктрини пред нејзината зграда на отворено денеска по вторпат беше одбележан 5 Септември – Денот на патронот Алексо Демниевски Бауман, велешанец кој бил шпански борец и командант на Сремскиот фронт во завршните операции за ослободувањена Југославија, а животот го завршил како генерал-потполковник во југословенската армија. Toj починал на 5 септември 1961 година во Белград. Бил роден во Велес на 10 септември во 1905 година. Ова го објави Македонската информативна агенција – МИА.

Муцунски во Киев: Границите не можат да се менуваат со сила, Македонија стои со Украина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска на покана на украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха престојуваше во еднодневна посета на Украина.

Вучиќ за одложената посета на Кос: Објаснувањето ѝ беше глупаво! Требаше да забраниме погреб на Младиќ, да правиме кучешки гробишта?!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го нарече „глупаво“ објаснувањето за одложувањето на посетата на европската комесарка за проширување Марта Кос на Белград.

Мицкоски: СДСМ-ДУИ беа бандитска власт, сега се бандитска опозиција! – Знаат само за арамилак, ништо за економија!

„Опозицијата нема познавања од економија, само арамилакот и крадењето на народот им е во нивната политичка матрица!“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија, означувајќи нова пресвртница во својата транзиција кон одржлива енергија

ОКТА отвора ново поглавје во својата енергетска транзиција со пуштањето во употреба на првите два контејнери за батериско складирање на енергија, со моќност од 4 MW, како дел од планираниот проект за батериско складирање. Интегриран со фотоволтаична централа на компанијата со инсталирана моќност од 12 MW, новиот систем овозможува електричната енергија произведена од обновливи извори да се складира и да се користи во периоди кога побарувачката и пазарните услови се најоптимални.

Најнови вести

To top