Македонија

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Успешна приказна за македонско семејство

По пет години живот во Холандија, сфатиле дека дома си е дома. Срцето ги вратило во Македонија, сакале нивната ќерка да расте меѓу своите баба, дедо, семејството и пријателите. Но не се вратиле само со куфери, туку и со бизнис идеја. Со државен грант, ја претвориле во успешна компанија што функционира како консултативно-едукативен центар, а кој денес им помага и на други домашни фирми да растат.

„Пробав да најдам некоја информација на интернет за тоа дали државата помага во однос на отварање на бизниси, и најдов на сајтот на Заводот за вработувањед дека има грантирање и од таму си пополнив апликација и продолжи процесот понатаму со тоа што добив грантза да отворам компанија во Македонија“- вели Кристиан Томашевски.

Помошта од државата за нив била и повеќе од добредојдена. Од тогаш, веќе една година успешно го водат и прошируваат својот бизнис.

„За нас беше од огромно значење заради фактот дека ни ги обезбеди сите потребни алатки за работа, бидејќи нашиот бизнис работи исклучиво само на интернет. Нас ни требаа софтвери кои што покриваат целвкупно работење Морам да кажам дека без тие средства може и да не го отворевме бизнисот. И ни даде простор да се прошириме, да донесеме дополнителни луѓе во нашиот тим. “- вели Томашевски.

Инаку годинава конкурсот бележи рекорден одѕив од 5500 апликанти кои бараат помош за отварање сопствен бизнис. Од министерството за економија велат дека над 60% од пријавите се поднесени од млади, кои сакаат да останат и да инвестираат во државата.

„Процентот на одржување на бизнисите да го задржиме и да го зголемиме, имајќи предвид дека 80% од отворените бизниси се одржуваат и се реализираат, тоа значи дека е висок процентот и дека оваа мерка е полн погодок за невработените за отварање на сопствен бизнис, особено на младите до 29 години.“- вели Марјан Ристески, заменик министерот за економија.

Инаку државата, преку оперативниот план за вработување нуди повеќе од 7 мерки за намалување на невработеноста. Од министерството за економија велат дека има голем интерес и за другите грантови. Во моментов тече јавен повик од Оперативниот план за вработување преку фирми кои им е потребен кадар. Аплицирањето трае до 24 јули, а надлежните ќе им плаќаат на бизнисите кои ќе вработат млади и луѓе од ранливи категории.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top