Регион

Грчка полиција со необележани возила „ќе лови“ сообраќајни прекршоци

На овој начин ќе се откриваат возачи кои ја надминуваат дозволената брзина, опасно претекнуваат, користат мобилен телефон додека возат или учествуваат во нелегални улични трки, без да бидат свесни дека полицијата ги следи

На овој начин ќе се откриваат возачи кои ја надминуваат дозволената брзина, опасно претекнуваат, користат мобилен телефон додека возат или учествуваат во нелегални улични трки, без да бидат свесни дека полицијата ги следи.

Оваа практика не е новина во Грција. Сообраќајната полиција веќе со години користи необележани возила на автопатите и на делници каде што се регистрираат голем број прекршоци.

 

Во наредниот период се очекува на грчките автопати да има уште повеќе вакви необележани полициски возила, бидејќи насочените контроли се еден од клучните елементи на стратегијата за намалување на бројот на загинати во сообраќајот и за поефикасен надзор на патната мрежа.

Во многу европски држави веќе се користат и системи за автоматско препознавање на регистарски таблички (ANPR), кои во реално време откриваат неосигурени, украдени или возила по кои се трага.

Повеќе на „Ппусинфо“

 

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top