Македонија

ДУИ пак „плаче“ за правата на Албанците

Интегративците на Али велат дека Законот за правична застапеност е донесен без етнички квоти, без институционални механизми за негово спроведување и без санкции за прекршителите, додавајќи дека таквото решение не нуди реални гаранции за заштита на правата на Албанците

 

Демократската унија за интеграција реагирашеоколу Законот за фер и соодветна застапеност, обвинувајќи ја коалицијата ВРЕДИ дека предложила законско решение кое, според партијата, не гарантира фер застапеност на Албанците во државните институции.

Според нив, ВРЕДИ влегла во Владата „без етнички легитимитет“ и ја обвинува дека повеќе од две години го претставувала законот како историско достигнување, додека според неа, предложената верзија не содржи механизми што би обезбедиле спроведување на фер и соодветна застапеност.

Според ДУИ, законот е донесен без етнички квоти, без институционални механизми за негово спроведување и без санкции за прекршителите, додавајќи дека таквото решение не нуди реални гаранции за заштита на правата на Албанците.

Опозициската партија, исто така, тврди дека предлог-законот не го обезбедил потребното мнозинство според Бадентеровиот принцип во Собранието и дека тоа, според неа, докажува недостаток на поддршка од пратениците Албанци.

„ДУИ го блокираше овој обид за легализирање на кршењето на правата на Албанците и ќе го блокира секој пат кога ќе има обид за спакување на дискриминацијата како закон“, се наведува во одговорот на партијата.

Конечно, ДУИ нагласува дека ќе продолжи да ги штити колективните права на Албанците и спроведувањето на уставните стандарди, повикувајќи се и на принципите на Охридскиот договор.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top