Македонија

Што навистина ја предизвика состојбата на над 1.200 заболени во Гостивар?!

Здравствената состојба во Гостивар предизвикува сè поголема загриженост кај жителите, откако повеќе од 1.200 лица, меѓу кои и деца, побарале медицинска помош поради стомачни тегоби и симптоми на труење.

Масовните стомачни тегоби кај жителите на Гостивар продолжуваат да ја вознемируваат јавноста, а додека институциите сè уште ги чекаат резултатите од лабораториските анализи, граѓаните бараат конкретни одговори за причините што доведоа до големиот број заболени. Според официјалните информации, околу 1, објави 4news.mk 200 лица, меѓу кои и деца, побарале лекарска помош во Општата болница во Гостивар. Сепак, на социјалните мрежи бројни жители тврдат дека реалната состојба е многу посериозна и дека речиси секое семејство има барем еден член со симптоми на стомачна инфекција.

Иако официјалните податоци го покажуваат овој број, дел од граѓаните преку социјалните мрежи тврдат дека реалната бројка може да биде значително поголема. Тие посочуваат дека во многу семејства има членови со слични симптоми и бараат итно утврдување на причината. Надлежните институции сè уште ги очекуваат резултатите од лабораториските анализи, а во меѓувреме е издадена препорака водата од градскиот водовод да не се користи за пиење и подготовка на храна.

Градоначалникот на Гостивар и раководството на јавното претпријатие за водовод и канализација велат дека засега нема потврдени докази дека водата е изворот на инфекциите. Сепак, неизвесноста и различните информации дополнително ја зголемуваат загриженоста кај населението.

На социјалните мрежи се споделуваат бројни реакции од граѓани кои бараат транспарентност и брзи одговори. Дел од нив поставуваат прашања како е можно толкав број лица во краток период да имаат исти симптоми и бараат одговорност доколку се утврди пропуст.

Најнови вести од: Македонија

ОМО Илинден – Пирин до Јотова: Не ни недостигаат никакви документи за регистрација, бугарските судови постојано измислуваат нови барања!

Сопретседателот на Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден – Пирин Стојко Стојков ги отфрла тврдењата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека при обидите за регистрација на здружението недостигаат документи. Тој тврди дека организацијата ги исполнува барањата, но судовите секогаш наоѓаат нови забелешки.

„Ценовното лудило“ со станбениот квадрат продолжува, но и побарувачката на станови, особено во Скопје и Охрид

Цените на недвижностите во Македонија вртоглаво растат, особено во Скопје и Охрид, ама не стивнува ниту интересот за купување станови. Високите цени на недвижнините во Македонија, особено во Скопје и во Охрид се одредени од повеќе чинители: скапи парцели за градба, ограничена понуда на атрактивни локации, инвестициско купување уште на почетокот на градбата, оптек на многу кеш, односно „црни пари“…

„Нетпрес“: Ристоска призна дека со Јосифовска од СЈО имале пристап до материјалите од незаконските прислушувања!

„Ленче Ристоска, поранешна обвинителка од корумпираното СЈО, јавно призна во своето вчерашно гостување на ТВ 24 дека со уште една своја тогашна колешка имале пристап до сефовите, каде во тој момент се чувале материјалите од незаконските прислушувања.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Царинските службеници опремени со телесни камери

Системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамките на кривичниот оддел при Министерството за правда на САД, денеска официјално беше промовиран на граничниот премин Табановце

Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината

Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа – изјави Андоновски

To top