Македонија

Гостиварска фирма понуди техничка помош за надминување на хаосот со загадената вода

Гостиварскиот бизнисмен со хуман и рационален гест за надминување на кризата со загадената вода

Дамјан Костовски, бизнисмен од Гостивар нуди техничка помош за надминување на хаосот во Гостивар.

Сопарвеникот на градежната фирма Шеќерче ги отстапува неговите машини за санирање на состојбите.

,,Почитувани сограѓани, Гостиварци, Градоначалик и сите надлежни во државава !!!

Јас не можам да донирам вода, бидејќи и самиот ја немам.
Но затоа, моето семејство одлучи да помогне на поефикасен и покорисен начин – во решавањето на проблемот со водоснабдувањето на нашиот убав Гостивар со чиста и безбедна вода за пиење”, пишува Костовски.

,,Шеќерче” ги става на располагање своите градежни машини за 100 работни часа (7 работни дена), без надомест, за:

• ископ на пречистителна станица;
• ископ на канали за поставување нови водоводни цевки;
• или за други градежни работи поврзани со подобрување на водоснабдувањето.

,,Веруваме дека со конкретни дела, а не само со зборови, можеме да придонесеме за подобра иднина на нашиот град.
Гостивар заслужува чиста и квалитетна вода”, пишува Костовски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски во Киев: Границите не можат да се менуваат со сила, Македонија стои со Украина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска на покана на украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха престојуваше во еднодневна посета на Украина.

Вучиќ за одложената посета на Кос: Објаснувањето ѝ беше глупаво! Требаше да забраниме погреб на Младиќ, да правиме кучешки гробишта?!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го нарече „глупаво“ објаснувањето за одложувањето на посетата на европската комесарка за проширување Марта Кос на Белград.

Мицкоски: СДСМ-ДУИ беа бандитска власт, сега се бандитска опозиција! – Знаат само за арамилак, ништо за економија!

„Опозицијата нема познавања од економија, само арамилакот и крадењето на народот им е во нивната политичка матрица!“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија, означувајќи нова пресвртница во својата транзиција кон одржлива енергија

ОКТА отвора ново поглавје во својата енергетска транзиција со пуштањето во употреба на првите два контејнери за батериско складирање на енергија, со моќност од 4 MW, како дел од планираниот проект за батериско складирање. Интегриран со фотоволтаична централа на компанијата со инсталирана моќност од 12 MW, новиот систем овозможува електричната енергија произведена од обновливи извори да се складира и да се користи во периоди кога побарувачката и пазарните услови се најоптимални.

Генералниот директор на „Алкалоид“ меѓу највлијателните во регионот

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД „Алкалоид“ од Скопје се најде на 38. место на листата на најбогати луѓе во регионот, а неговото богатство белградскиот магазин „Недељник“ го процени на 651.330.000 евра

Најнови вести

To top