Регион

Ердоган: Турција никогаш нема да ги остави кипарските Турци сами

Турција инсистира на решение со две држави

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, по повод 52-годишнината од турската инвазија на Кипар во 1974 година, изјави дека Анкара ќе продолжи да ги поддржува кипарските Турци и да им оддава почит на паднатите турски војници.

– На 52-годишнината од мировната операција на Кипар, им оддавам почит со љубов на нашите херојски маченици и со благодарност на нашите ветерани. Им упатувам искрени честитки на кипарските Турци за нивниот Ден на мирот и слободата – 20 јули – и им ги испраќам моите поздрави на моите браќа и сестри кипарски Турци. Како татковина и земја гарант, никогаш нема да ги оставиме кипарските Турци сами во нивната праведна борба – истакна Ердоган.

На 20 јули 1974 година, турската армија го нападна северниот дел од островот како одговор на државниот удар насочен кон присоединување на Кипар кон Грција. Во 1983 година, во северниот дел окупиран од Турција, еднострано беше прогласена Турската Република Северен Кипар, која е признаена единствено од Анкара.

Турција и натаму инсистира на решение за кипарското прашање врз основа на две држави, додека Република Кипар и Грција ја задржуваат позицијата дека единственото решение е федерално. Последната рунда преговори се одржа во 2017 година во швајцарското одморалиште Кран-Монтана, но заврши без успех.

Овогодинешното одбележување на годишнината од турската инвазија се случува во време на обновени напори на Обединетите нации за рестартирање на разговорите меѓу двете страни. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе престојува на Кипар од 27 до 29 јули, каде што се предвидени средби со претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидес, и со лидерот на кипарските Турци, Туфан Ерхурман.

Во Република Кипар, денешната годишнина се одбележува со комеморативни церемонии и погреби за загинатите и исчезнатите во инвазијата, додека во турскиот окупиран дел од островот се организираат свечени паради, воени демонстрации и прослави.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top