Македонија

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи.

Во Здравствениот дом Гостивар се евидентирани 110 прегледи, како и 25 повици до Итната медицинска помош.

„Во текот на вчерашниот ден вкупниот број пациенти прегледани во болницата е намален за 38 проценти. Во споредба со 19.07.2026 година, кога во Општата болница Гостивар беа регистрирани 289 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 183 прегледи. Истовремено, бројот на прегледи во здравствениот дом продолжува континуирано да опаѓа – од 315 пациенти на 18 јули, на 275 пациенти на 19 јули и 110 пациенти на 20 јули“, појаснува министерот за здравство Сашо Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top