Бизнис

Нема празно столче на Македонско – Индискиот бизнис форум кој го организира претседателка Гордана Сиљановска-Давкова

Македонско-индискиот бизнис форум се одржува денеска на 21 јули 2026 година во Скопје.

Преполна салата на хотелот Хилтон каде се одржува Македонско- Индиски бизнис форум на кој учествуват 36 индиски и десетици македонски бизнисмени.

Настанот е во рамки на историската официјална посета на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија каде се сретна со претседателката Сиљановска-Давкова, со премиерот Мицкоски и спикерот на Собранието Гаши.

Организатори на форумот се Кабинетот на претседателката на Македонија и Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На отворањето се обраќаат повеќе македонски и индиски претставници како и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и нејзината индиска колешка Друпади Мурму.

Цел на настанот е презентација на инвестициските потенцијали на Македонија и нејзино позиционирање како „порта“ за индиските компании кон пазарот на Источна Европа.

По посетата на Мурму очекувани резултати се двојно зголемување на трговијата а клучни сектори за соработка се здравство, туризам, угостителство, ИТ индустрија и традиционална медицина.

Во рамки на пошироката соработка се најавува дуплирање на стипендиите за македонски кадри преку индиската ITEC програма. Ова вклучува и специјализирани обуки за вештачка интелигенција (AI).

Најнови вести од: Бизнис

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

(Фото): УЈП ќе разменува искуства со Унгарија за дигитализација и наплата на даноците

Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и воспоставување континуирана размена на знаења, искуства и добри практики меѓу даночните администрации на Македонија и Унгарија.

(Фото): Иновациите треба да придонесат за поодговорно и поинклузивно кредитирање, вели гувернерот Славески

Целта е развојот на финансиските услуги да создава економски можности и да придонесува кон одржливо кредитирање, без да се загрозат финансиската стабилност и довербата на граѓаните и компаниите.

Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити – Ќе ја покачи ли Народна банка каматната стапка?!

Народната банка во следниот период можно е да ја качи референтната каматна стапка од која најмногу зависи какви ќе бидат каматите и на депозитите и на кредитите. Ова се очекувањата од познавачите.

To top