Македонија

Арнаудова ги нападна водителите на подкасти: Времето на неписмени мочковци е почнато

Арнаудова објаснува зошто не гостува во подкасти

Пејачката Кристина Арнаудова преку објава на Инстаграм упати остра критика кон дел од подкастите и нивните водители, оценувајќи дека денес речиси секој што поседува камера се претставува како медиум, без соодветно знаење и професионален пристап.

Во својата објава, Арнаудова наведува дека некои автори на подкасти ги користат јавните личности за да стекнат популарност, поставувајќи, како што вели, „бедни и неписмени прашања“.

„Пошто сега секој што има камера може да биде медиум, времето на неписмени мочковци е почнато. Сите што не можеле да станат било што, сега имаат поткаст“, напиша Арнаудова.

Според неа, ваквите подкасти ги покануваат јавните личности единствено за да ја зголемат сопствената гледаност, без да водат сметка за нивното достоинство.

„Им се качат како пијавици и пробуваат со бедни и неписмени прашања да создадат популарност, неважно дека ќе те деградираат, ги заболе за вас“, стои во нејзината објава.

Арнаудова упати критика и до јавните личности кои прифаќаат да гостуваат во такви подкасти.

„Будали сте вие што им гостувате и дозволувате на тие мочковци да прават содржина искористувајќи ве вас“, напиша таа, додавајќи дека постојат и исклучоци, но тие се малубројни.

На крајот, пејачката објаснува зошто не прифаќа гостувања во подкасти.

„И тоа е одговорот зошто никогаш нема да гостувам нигде, како и досега. Башка што празни муабети се за празни глави“, напиша Арнаудова.

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

To top