Македонија

Го прашаа GROK кој е најголемиот македонски кодош меѓу твитерџиите

Софистицираната алатка на Елон Маск одговара со субјективна но невообичаено прецизна оценка

Одговорот нема кривична, политичка, историска важност но интересно е како на провокативно прашање одговара алатката за вештачка интелигенција на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

 

Во непретенциозно прашање без да се наведе на одговор софистицираната алатка GROK на Елон Маск одговара со невообичаено прецизна оценка.

 

Според сознанијата што ги има GROK најголем кодош во кругот на македонските твитерџии или корисници на социјалната мрежа Х е екс претседателот Стево Пендаровски.

Прашањето до GROK:

Еј @grok, кој е најголем кодош од македонските твитерџии?

 

,,Според анализата на објави од македонски корисници, најголем кодош меѓу твитерџиите е Стево Пендаровски (SPendarovski), поради обвинувања за предавство во преговорите со Бугарија и ЕУ, што довело до компромиси на македонскиот идентитет. Ова е субјективно”, одговара GROK кој за да се огради од кажаното вели дека одговорот е базиран на јавни мислења.

 

Екс претседателот Стево Пендаровски на социјалната мрежа Х има профил кој го следат речиси 29 илјади луѓе се последен пат  постирал лани откако катастрофално ги загуби изборите за претседател.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре уште една евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) синоќа ги информираше македонските државјани во Бахреин дека утре в (среда) ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет ќе се вратат во земјава

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

To top