Македонија

Отворена сметка за донации по водната катастрофа во Гостивар)

Ве повикуваме сите да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и да придонесеме за пружање помош на настраданите семејства“, велат од Црвениот крст

Црвениот крст отвори сметка на која сите хумани граѓани ќе можат да им помогнат на жителите на Готивар кои се соочуваат со епидемијата откако ќе се утврди дека водата не е за употреба.

„Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и нејзиното влијание врз нивното здравје и секојдневие, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучителна важност“ апелираат од Црвениот крст на Македонија кој отвори сметка на која сите хумани граѓани ќе можат да им помогнат на жителите на Готивар кои се соочуваат со епидемијата откако ќе се утврди дека водата не е за употреба.

„Црвениот крст е на терен и активно спроведува активности за поддршка на настраданото население, додека во наредниот период ќе продолжи со својата безвредност за хуманитарни активности. претставува извонредна поддршка за настраданите семејства и ќе помогне да се обезбеди потребната помош и да се надминат последиците од оваа состојба Ве повикуваме сите да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и да придонесеме за пружање помош на настраданите семејства“, велат од Црвениот крст.

Сметка на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМВ:

300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со знак: помош за граѓаните настрадани во Гостивар.

За донации на средства во странска валута:
ИМЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА: ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ИМЕ БАНКА: КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
АДРЕСА НА БАНКА: УЛ. ОРЦЕ НИКОЛОВ БР.3, 1000 СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
БАНКАРСКА СМЕТКА: 300000000000133 25730522-11
SWIFT КОД: KOBSMK2X
IBAN КОД: MK07300701000001228

Најнови вести од: Македонија

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

To top