Поранешниот министер за финансии и актуелен политички аналитичар, Џевдет Хајредини на социјалните мрежи дава одговор како Бујар Османи ја добил министерката фотелја, од поранешниот премиер Зоран Заев.
,,Бугарите го фалеа Бујар Османи, дека “има одмерени погледи за разврска на јазолот” и Заев, не случајно, него и Бучковски ги овласти да преговараат”, објавува Хајредини.
Хајредини не анализира кои се и какви ,,одмерените” погледи на Османи но според штетатата што ја направи а која професорката Најчевска ја смета за далекусежна погледите на Османи ни од далеку не биле слични на интересите на Македонците и другите граѓани.
Пет години по договорот кој го постигна Османи и владата на СДСМ со Бугарија нема преговори со ЕУ.
Тогаш Османи и СДСМ тврдеа дека има подршка за уатавни измени но излезе дека тие ги лажеле странците со кои ги правеле договорите.