Натаму владејачката македонска партија истакнува:Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат вистинскиот чекор и да побараат одговорност, и подготвени се на секое решение да му најдат проблем. Инаку, гостиварчани секојдневно добиваат 60 тони вода од страна на СОЗР, а има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе бидат доставени до обвинителството.
Моментот не е СДС да се истакне колку бесмислици може да измисли, и да се докажуваат и да го користат токму овој период, за да добијат политички поени. Пак во коалиција со ДУИ и Таравари, го штитат нивниот кадар. Затоа што ако не беше нивни кадар, уште веднаш ќе побараа одговорност, уште веднаш ќе го преполнеа медиумскиот простор со прес-конференции и изјави со извртени и неточни информации.
Но, потребата на СДС да дојде, на власт е толку голема што повторно и во опозиција му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и го заобиколува Валбон Лимани, а во јавноста пласира теми кои немаат никаква поврзаност со актуелната состојба во државата и кризата во Гостивар. СДС, ДУИ и Таравари, се коалиција во опозиција, која се обидува од сите кризи да шири паника кај граѓаните, и опозиција која освен власт не сака ништо друго и воопшто не е заинтересирана за граѓаните и она со кое што тие се соочуваат токму поради нив, во овој конкретен случај во Гостивар, од локалната власт, предводена токму од нив, порачува ВМРО ДПМНЕ.