Хроника

Кокаин пронајден кај 23.годишник во Скопје

Единицата за недозволена трговија, во координација со припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, извршиле претрес во дом и други простории кај С.Б. од село Брест, скопско

Поголема количина кокаин, е пронајдена во полициската акција во скопско а едно лице е лишено од слобода поради сомнение за недозволена трговија со дрога.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска (26.07.2026), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во координација со припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, извршиле претрес во дом и други простории кај С.Б. (23) од село Брест, скопско.

При претресот биле пронајдени предмети и поголема количина кокаин.

Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Гази Баба поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, против С.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести од: Хроника

Бегалецот од прилепскиот затвор Ѓ.З. (35) од Битола фатен по извршена кражба во маркет заедно со А.Ј. (29)

Полициски службеници од СВР Битола привеле две лица осомничени за тешка кражба во маркет, при што било откриено дека едниот од нив бил баран со потерница, поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

Пронајдени повеќе од два килограма марихуана во домот на Б.Н.(25) од скопско Арачиново – уапсен е

Вчера, на 24.07.2026 година полицајци од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по наредба на Основниот кривичен суд Скопје извршиле претрес во домот и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско.

To top