Македонија

Со натписи УЧК вандализиран српскиот културен центар во Куманово (ВИДЕО)

Стоилковиќ објави видео од сторителите и побара најстроги санкции од институциите

Објектот на Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово ноќта меѓу петокот и саботата бил мета на вандалски напад. На надворешните ѕидови од објектот биле испишани графити со содржина „УЧК“.

Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, на социјалната мрежа Фејсбук објави снимка од безбедносните камери на која се гледаат две лица кои пристигнуваат со автомобил пред објектот. По неколку влегувања и излегувања од возилото, тие се приближуваат до влезот на културно-уметничкото друштво, ги испишуваат графитите и пораките, а потоа го напуштаат местото.

Осудувајќи го инцидентот, Стоилковиќ порача дека станува збор за насилнички чин врз простории каде што се формираат млади генерации преку фолклор.

„Ксенофобијата со примеси на шовинизам константно присутна во јавноста, посебно изразена последниве две години од учеството на ДПСМ во Владата, пропратено со незаслужениот молк на јавноста почнува да дава видливи резултати кои се многу поголеми од вандализмот на оваа дивљачка хорда, чие насилничко, деструктивно и нецивилизирано однесување врз имотот и просториите каде со фолклор (КУД Српски вез) се занимаваат повеќе од 200 деца и скрнавењето со натписи УЧК кое и државата и јавноста би требало најстрого да го санкционира. За политиките кои го потикнуваат ваквото однесување во некоја друга прилика. Никој нема да биде изоставен“, напиша Стоилковиќ на Фејсбук.

Засега нема официјални информации за идентитетот на сторителите. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека се преземаат сите потребни оперативни активности за расчистување на настанот.

„Настанот е пријавен во СВР Куманово. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведуваат од МВР.

Надлежните институции треба дополнително да утврдат кој стои зад оштетувањето на објектот и дали станува збор за изолиран инцидент или организирана провокација.

Најнови вести од: Македонија

Водата во Маврово привремено не е безбедна за пиење, водоводната мрежа се чисти превентивно

Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“.

Парното греење во Скопје поскапува за 5,96 отсто – просечната месечна сметка од 2.353 на 2.493 денари

Од 1 август цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје ќе се зголеми во просек за 5,96 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов.

Архиепископот на МПЦ-ОА Стефан: Да го чуваме наследството на Свети Климент Охридски, за да се зачуваме и себе си како македонски народ

„Да ги чуваме наследството и споменот на Свети Климент Охридски, зашто само така ќе се зачуваме и себеси. Народот што ги заборава своите духовни учители постепено го губи и чувството за сопствениот пат, за сопствената иднина.“ – порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Ариепископија Стефан синоќа на Свечената академија „Во слава на словото“ по повод 1.110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 100 години од починувањето на Крсте Петков Мисирков.

To top