
Надлежното Општинско државно обвинителство го обвини 43-годишниот невработен градежен работник, од мал славонски град (Хрватска) дека имал сексуален однос со животни, објави хрватски Нови лист.
За време на испрашувањето, тој целосно ги призна сите обвиненијата: дека имал „однос“ со овца во најмалку три наврати и со кобила во најмалку осум наврати, помеѓу 2022 и 5 март 2025 година, на земјоделско земјиште и фарма за добиток во близина на неговата куќа, знаејќи дека им предизвикува прекумерно страдање на животните…
Тој изјави дека во една прилика, додека шетал по насипот, видел овца и – како што самиот рекол – „имал сексуален однос со неа“.
Тој додаде дека на истото место пронашол мртва кокошка и дека имал сексуален однос со неа, по што ја фрлил во тревата.
За време на истрагата, полицијата го претресла неговиот мобилен телефон и пронашла девет видеа од непознати мажи кои имаат сексуален однос со животни. Дополнително, пронајдени се пораки што обвинетиот ги испраќал до други лица, во кои експлицитно наведува дека имал сексуален однос со животни.
Поради природата на кривичното дело, извршен е психијатриски преглед за да се утврди можно нарушување на менталното здравје.
Вештаците заклучиле дека обвинетиот не страдал од никакво нарушување, дека бил целосно одговорен во времето на кривичното дело, дека бил способен да го разбере значењето на своите постапки и да ја контролира својата волја и дека не му е потребен никаков психијатриски третман.
Едноставно кажано, како што објавува Нови Лист, „тој е со здрав ум“.
Кривичното дело за кое се товари 43-годишникот е казниво со затвор до две години.
Сепак, обвинителот предлага казна затвор од десет месеци, со услов таа да не се изврши доколку обвинетиот не стори ново кривично дело во рок од три години.
Во образложението на предлогот, обвинителот смета дека предложената условна казна е соодветна на степенот на вина и тежината на кривичното дело, земајќи ги предвид начинот на неговото извршување и околностите под кои е извршено кривичното дело.