Хроника

Н.А. (22) од Кавадарци проголтала поголемо количество хероин, за да го сокрие од полициската контрола!

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А. (25) и Р.Ј. (27) од Кочани, како и против Н.А. (22) од Кавадарци, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според Министерството за внатрешни работи, на 30 мај 2026 година, на наплатната рампа кај Кадрифаково, пријавените забележале полициска патрола, по што третопријавената проголтала поголема количина хероин.

По извршеното испитување на Универзитетската клиника за токсикологија било потврдено дека во нејзиниот организам имало поголема количина хероин.

По целосното документирање на случајот против тројцата е поднесена кривична пријава.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

To top