Македонија

Директна порака до пратеничките на СДСМ Бисера Костадиновска и Јована Тренчевска

Екс-ракометарот и бизнисмен Мартин Клинчаров го брани проектот „Скопје 2014“ и ја критикува СДСМ од каде за разлика од Јелена Докиќ која ја промовира Македонија, истиот го сатанизираат

Екс-ракометар и бизнисмен остро реагира на изјавите на поранешните министерки од СДСМ, Бисера Костадиновска и Јована Тренчевска, кои повторно ја нападнаа одлуката за Скопје – Европски град на културата 2028 и проектот „Скопје 2014“.

Клинчаров ги обвини поранешните функционерки и „пуленките на Зоран Заев“ дека кариерите ги граделе врз „плукање и труење“ и дека во периодот од 2017 до 2024 година СДСМ не само што не допринел со ништо кон проектот, туку активно го стигматизирал и политички го сатанизирал.

Како позитивен пример, авторот ја посочува неодамнешната посета на поранешната тенисерка Јелена Докиќ, поранешна четврта играчка на светот, авторка на бестселерите „Unbreakable“ и „Fearless“, како и на документарниот филм „Unbreakable“. Докиќ, која моментално е ТВ презентер на австралиската Channel 9 и домаќин на Australian Open, во последниве денови престојувала во Скопје и Охрид.

„Ете, Јелена се сликала со многу објекти и знаменитости од тој проект, го промовира Скопје, Охрид, Македонија… За два дена, преку 16-17.000 лајкови, 300 коментари, 600 споделувања, милион прегледи“, се вели во објавата на Клинчаров.

Според екс-ракометарот, ваквите посети од познати личности и обични туристи носат реална економска корист за земјата – ноќевања, угостителство, туристичка такса и даночни приходи. Тој додава дека преку „верижниот ефект“ на социјалните мрежи, следбениците на овие гости често се поттикнуваат и самите да ја посетат Македонија.

Авторот критикува дека СДСМ во седумгодишниот мандат не само што не создал нови капитални проекти, туку ги стопирал веќе започнатите (како двете факултетски згради и објектот на НБРМ), не ги одржувал постоечките и намерно ги оставил да пропаѓаат од политички причини. Сега, според него, државата ќе мора да троши значителни средства за реконструкција и реставрација на запуштените објекти.

Објавата завршува со директна порака до Бисера Костадиновска и Јована Тренчевска:

„Следниот пат кога Бисера и Јована ќе сакаат да паламудат околу вложување во инфраструктурата… прво да ја чукнат главата во ѕид 3-4 пати, сабајлечки, да се погледнат во огледало, да си одговорат самите на себе што тие две сработија за 7 години… па дури после да излегуваат да критикуваат.“

Реакцијата на поранешниот ракометар доаѓа во време на актуелната политичка дебата околу културната политика, инвестициите во инфраструктура и оценките за наследството од проектот „Скопје 2014“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

To top