Македонија

Стерјовски: Бришењето на македонскиот јазик и идентитет од извештајот за Македонија на Европскиот парламент, под диригирано влијание на Бугарија, е срамна страница во неговата историја и тежок удар врз темелите на ЕУ!

„Бришењето на македонскиот јазик и идентитет од извештајот за Македонија на Европскиот парламент, под диригирано влијание на Бугарија, претставува срамна страница во историјата на Европскиот парламент и тежок удар врз темелите на Европската унија, кои се изградени врз човекови права, еднаквост, недискриминација и почитување на различноста.“ – оценува Васил Стерјовски, лидерот на партијата Македонска алијанса […]

„Бришењето на македонскиот јазик и идентитет од извештајот за Македонија на Европскиот парламент, под диригирано влијание на Бугарија, претставува срамна страница во историјата на Европскиот парламент и тежок удар врз темелите на Европската унија, кои се изградени врз човекови права, еднаквост, недискриминација и почитување на различноста.“ – оценува Васил Стерјовски, лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, во интервју за весникот „Македонија“ од Канада.

Според него, наместо да биде заштитник на овие вредности, „Европскиот парламент се покажа со овој чин како заложник на балканските национализми и на уценувачката политика“. Стерјовски додава дека Европската слободна алијанса (ЕФА), политичката група која ги претставува малцинствата во Европскиот парламент и каде што членува МАЕИ, заедно со ОМО „Илинден“-Пирин, јавно реагирале на игнорирањето на македонскиот народ и предупредиле на опасноста од создавањето преседани, кои ги поттикнуваат негирањето и асимилацијата.

„Со попуштањето пред националистичките барања на Бугарија ЕУ испраќа погрешна порака дека нејзините институции се немоќни, или незаинтересирани да ги заштитат правата на малцинствата, особено македонското малцинство во Бугарија, кое со децении се соочува со системска дискриминација, политичко исклучување и целосно непостоење во правниот поредок на државата. Тоа не е само неправда, тоа е срам за демократијата.“- нагласува лидерот на Македонската алијанса за европска интеграција Стерјовски.

Тој посочува дека истите тие механизми на притисок Бугарија ги користи и во однос на Албанија, условувајќи го нејзиниот европски пат со барања, кои директно се насочени кон негирање на македонскиот идентитет, јазик и културно наследство. „Наместо европски дух и соработка, се случуваат обиди за политичка уцена и асимилација. Но, Македонците не се народ без глас и нема да бидат, без разлика каде живеат. Нашата борба за правда, еднаквост и признавање ќе продолжи со уште поголема решеност, на секое можно рамниште, од локално, до европско.“ – порачува Стерјовски во интервјуто пред неговата посета на Македонците во Канада по повод големиот празник Илинден.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

Самсунг (“Samsung“) ја задржа Број 1 позицијата на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи 17 години по ред

Новиот извештај од индустријата ја потврдува лидерската позиција на Самсунг, додека компанијата го проширува своето портфолио на напредни дисплеи и интегрирани решенија за бизниси ширум светот

Банкарската службеничка Б.Б.И. (31) од Тетово примените 39 илјади евра од тетовец наместо на негова сметка си ги ставила во џеп!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И. (31) од Тетово поради сомнение за кривично дело „затајување“. Според информациите на полицијата, пријавената, како вработена во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службените простории примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец, кој сакал парите да ги депонира на својата сметка. Наместо средствата да бидат уплатени во рок од три дена, како што му било кажано, тие не биле префрлени на сметката на оштетениот, туку, според пријавата, биле противправно присвоени.

To top