Македонија

Ферати: Од 139 вработени една третина немаат основни услови за работа

Нониот министер на Министерството за односи меѓу заедниците вне може така лесно да се ослободи и досега вработените, па планира да организира обуки за нив за да може да им се доделат конкретни работни задачи

 

Новиот министер, Агон Ферати, има за цел да ја врати довербата во институцијата и да ја ориентира кон подобрување на меѓуетничките односи – од образование, до спортски натпревари, до политички дискурс.

Ферати нагласи дека во Министерството што претходно го водеше Артан Груби, а потоа Иван Стоилковиќ, од 139 вработени, околу 30% немаат основни услови за работа поради недостаток на компјутери, бироа и соодветен работен простор.

„Откривме институција каде што човечките ресурси не се правилно искористени, додека поединци блиски до политичките кабинети имале поголемо влијание од самата институционална структура“, рече Ферати на денешната средба со новинарите.

Тој најави дека веднаш по преземањето на функцијата, го иницирал процесот на зајакнување на внатрешната кохезија, преку средби со раководители на сектори и експерти, со цел да се најдат решенија за поефикасно функционирање на Министерството.

Според него, еден од најголемите проблеми е недостатокот на стратешки документи.

„Од формирањето на Министерството, имало само два стратешки документи, со времетраење од две години, додека секоја стратегија треба да биде најмалку пет години. Ова покажува дека институцијата немала јасна насока и долгорочна визија“, рече министерот.

Ферати најави создавање на два нови сектори:

Сектор за стратешки партнерства, фокусиран на меѓународна соработка и европски фондови;

Сектор за анализа и истражување.

За овие сектори, тој најави осум до 12 нови вработувања, на луѓе компетентни за работата која ќе ја извршуваат. Сепак, тој не може така лесно да се ослободи и досега вработените, па планира да организира обуки за нив за да може да им се доделат конкретни работни задачи.

Најнови вести од: Македонија

To top