Возач на „Mercedes-AMG A45“ останал без возачка дозвола и без својот автомобил откако бил фатен како вози со брзина од 221 километар на час на пат во францускиот Марсеј, каде што дозволената брзина е само 70 километри на час.
Станува збор за делница со тунели и непрегледни кривини, поради што ограничувањето на брзината е значително пониско.
Според француските прописи, надминување на дозволената брзина за повеќе од 50 километри на час повлекува строги санкции. На возачот веднаш му била одземена возачката дозвола, а автомобилот бил префрлен на полициски паркинг. Судот може да му изрече и висока парична казна, одземање казнени поени, па дури и трајна конфискација на возилото.
Фотографијата што ја објавила полицијата покажува бел „Mercedes-AMG A45“ со неколку визуелни модификации, меѓу кои голем заден спојлер и изменет заден браник.
Станува збор за претходната генерација на моделот „Mercedes-AMG A45“, кој располага со 381 коњска сила и 475 Nm вртежен момент од 2,0-литарски турбобензински мотор, во комбинација со погон на сите тркала и автоматски менувач со двојна спојка.
Од полицијата порачаа дека ваквото опасно возење можело да има трагични последици и за возачот и за другите учесници во сообраќајот.