Македонија

Во кавадаречко уште гори

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати

 

Активни се пожарите во Општина Кавадарци помеѓу селата Раец и Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и во Општина Прилеп на улицата Дебарска, на местото викано Теке (депонија). Другите три правци се изгаснати.

Од 06 часот утрово, пожарот во Општина Кавадарци се гасне со повеќе екипи кои интервенираат на два правца. Пожарот на потегот меѓу селата Дреново и Ќесендре го гасне со екипа на ЈП „Комуналец“ – Кавадарци составена од 1 цистерна, 1 скип и 2 вработени, екипа на МВР со 1 џип, 1 пинцгауер и 4 вработени, екипа на ЈПНШ – подружница „Бор“ Кавадарци со 1 камион, 1 џип и 4 вработени и екипа на ТППЕ Кавадарци со 2 пинцгауери, 1 „лада нива“ и 8 пожарникари.

Осомничено лице за пожарот во Кавадарци е пронајдено и е на распит (ВИДЕО)

Пожарот во реонот на селото Раец го гаснат екипи на ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна за вода, 1 скип и 2 вработени, екипа на ТППЕ Кавадарци со 1 противпожарно возило и 5 пожарникари; четворица пожарникари од ТППЕ Неготино со 1 џип и 4 вработени од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Димитриевски: Не доликува претседателот на Собранието да не биде присутет на „Илинден“

Се знае редот, за 2 Август секогаш претседателот на државата оди на едно од трите значајни места за Илинден, премиерот оди на второто, а претседателот на Собранието на третото

ТАВ АЕРОДРОМИ: Охридскиот аеродром постави нов рекорд – раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули; македонските аеродроми со раст од 28% се меѓу најбрзорастечките во Европа, според ACI Europe

Додека аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, ACI Europe повторно ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа.

„СВЕТОТ ЦРТА – ВЕЛЕС ИЗЛОЖУВА“: РЕКОРДЕН БРОЈ НА ДЕЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТРИП КОНКУРС

Централниот настан и свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон, придружено со прогласувањето на најдобрите трудови, ќе се одржи на 19 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Европската куќа (Europe House) во Велес.

Најнови вести

To top