Македонија

Обвинителот предложи притвор за „газдарицата“ на „Камените кукли“ Стојна Димитровска Бут (41) од Кратово, која беше уапсена на 2 август, откако се тепаше со туристи!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која вчера беше лишена од слобода и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација на локалитетот „Камени кукли“, наоѓалиште е заштитено како природна реткост, во кратовското село Куклица.

Screenshot

„Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот Куклица, кој со указ е прогласен за споменик на природата, да им наплаќа влезници на посетителите без правен основ, да се расправа со нив и да им се заканува, со што постојано го нарушува јавниот ред и мир“, соопшти Обвинителството.

Таа ги нападнала физички полицајците кои се обиделе да ја приведат. „При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 2 и 1 од Кривичниот законик, односно физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат“, кажа Обвинителството. Јавниот обвинител го имал предвид и фактот дека против оваа осомничена веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот „Камени кукли“, за кое ѝ беа изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана да ја посетува локацијата, меѓутоа таа одбегнувала да го прими и да го почитува решението.



„Исто така, осомничената заедно со нејзиниот сопруг и претходно учествувала во дејствија на спречување службено лице во вршење службено дејствие, кон пазарни инспектори. Од тие причини кои укажуваат на опасност од бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен и судот со решение ја определи притворската мерка“, соопшти Обвинителството.

На 8 јуни, Општина Кратово призна дека подолг временски период локалитетот е бесправно и неосновано узурпиран и држен во владение од Здружението „Извор“ од Кратово, како и од одговорното лице М. Д. и неговата ќерка С. Д. Б. „Наведените лица вршат неосновано и бесправно управување со просторот, присвојување права кои не им припаѓаат, како и противправно збогатување преку неовластена наплата на влезници од посетители и туристи. Дополнително, тие сериозно ја загрозуваат сигурноста и безбедноста на посетителите преку заплашување, лажно претставување, насилничко однесување и закани со кучиња“, соопшти Општината.


Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top