Свет

Во Австрија измерен температурен рекорд од 41 степен Целзиусов

Историски највисоката температура измерена некогаш во земјата е регистрирана во областа Штамерсдорф (Виена)

Денес во Австрија е забележан нов апсолутен температурен рекорд – во областа Штамерсдорф (Виена) термометрите покажаа 41 степен Целзиусов, според податоците од националната метеоролошка служба GeoSphere Austria, цитирани од електронските медиуми.

Температурите може дополнително да се зголемат. Сегашниот топлотен бран ќе го достигнува својот врв во вторник и среда. Метеоролозите очекуваат нови максимални вредности да бидат забележани и во среда.

GeoSphere Austria веќе објави највисоко ниво на предупредување, црвен код, за Виена, северниот дел од покраината Бургенланд и североисточниот дел од Долна Австрија.

Причината за највисокото ниво на предупредување не е само топлината во текот на денот, туку и фактот дека температурите речиси и не паѓаат ноќе, што значително го зголемува ризикот по здравјето.

Иако источниот дел од Австрија е најпогоден од топлотниот бран, температурите се многу високи во речиси целата земја, особено во рамнините и пониските области.

Од приближно 250 метеоролошки станици на GeoSphere Austria (лоцирани под 1.500 метри надморска височина) следени од австриската новинска агенција АПА, само 22 станици пријавиле максимални температури под 30°C до 14 часот.

Според метеоролошката проценка на службата Tauernwetter, овие екстремно високи температури се директно поврзани со продолжената суша. Поради недостиг на доволно влага во почвата, речиси и да не испарува вода, што нормално го лади воздухот. Кога испарува, водата апсорбира енергија од околината и со тоа го ограничува затоплувањето. Овој природен механизам за ладење во моментов е речиси целосно отсутен во источна Австрија, што придонесува за рекордно високите температури.

Најнови вести од: Свет

Паѓа довербата во Трамп

Резултатите од анкетата спроведена од среда до понеделник покажуваат дека начинот на кој Трамп се справува со економијата, вклучително и зголемувањето на цените на енергијата по војната со Иран, би можел да им ја отежни работата на републиканците на ноемвриските конгресни избори

To top