Силниот топлотен бран ќе донесе сончевото и многу топло време ќе донесе дневни температури од 35 до 40 степени, а во поголем дел од земјата ќе биде активирано портокалово ниво на предупредување поради високите температури.
Во најкритичниот период од летото, мошно е температурите во наредните денови ќе достигнуваат и до 42 Целзиусови степени.
Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, екстремно високите дневни температури ќе бидат проследени и со таканаречени тропски ноќи, кога температурата нема значително да се намалува ниту во текот на ноќта. Тоа дополнително ќе го зголеми ризикот од топлотна исцрпеност и здравствени компликации.
Жештините веќе се чувствуваат и во здравствениот систем: Надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат престој на директно сонце во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат доволно течности и да носат лесна, светла облека. Посебна внимателност се препорачува за повозрасните лица, хронично болните, малите деца и бремените жени.
Зголемен е бројот на повици до Итната медицинска помош , според лекарите, дневно се регистрираат повеќе од 200 повици поврзани со колапси, прегревање и влошување на здравствената состојба кај граѓаните.
Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за заштита од високите температури и топлотниот бран.
Лекарите предупредуваат дека високите температури можат да предизвикаат топлотна исцрпеност или сончаница. Доколку се појават симптоми како силна главоболка, вртоглавица, мачнина или забрзано чукање на срцето, потребно е лицето веднаш да се премести на ладно место, да внесе течности и, доколку е потребно, да побара медицинска помош.